Со препаратите на Clinique победете ги акните

Проблематичната кожа не е проблем само за тинејџерите, затоа што акните и мозолчињата секогаш се појавуваат во најнезгодно време (состанок, разговор за работа, итн.).

Проблематичната кожа може да остави трајни последици и лузни доколку не се третира правилно.

clinik_anti_2Исхраната, начинот на живот, пушењето, загадената околина, се само некои од факторите што влијаат на изгледот на кожата, а Clinique лансираше линија за нега на кожата која е изложена токму на нив.

Препаратите од Anti-blemish колекцијата делуваат длабински и ако се користат заедно прават комплетен третман.

Anti- Blemish Solutions Cleansing Foam е пена за чистење на лицето и одстранување шминка. Таа го намалува сјаењето на лицето, ги отвора порите и ја смирува кожата.

Anti- Blemish Clarifying Lotion ги отстранува мртвите клетки, го намалува црвенилото и иритацијата на кожата.

Anti- Blemish Clearing Moisturizer е лесен лосион без масла кој ја навлажнува кожата и делува смирувачки.