Магазин

Со пријателите сме слични како роднини од четврто колено

Со пријателите сме слични како роднини од четврто колено

Пријателите ги избираме според нивните гени и генетски послични со своите пријатели отколку со странци, покажале најновите истражувања.

Изненадува фактот дека пријателите генетски се послични едни со други отколку што сме очекувале и оти по генетските фактори сме како роднини во четврто колено, објасни генетичарот, Џејмс Фоулер од Универзитетот во Калифорнија.

Научниците спровеле истражување на 1.932 возрасни лица, анализирајќи милион ипол генетски маркери на странци кои не биле во крвно сродство. Податоците им овозможиле да предвидат кој на кого би можел да стане пријател врз основа на сличните генотипи. Резултатите од истражувањата покажале дека со пријателите делиме околу еден отсто од сите гени.

Најчести гени што ги споделуваат пријателите се оние кои одредуваат на кој начин реагираме на мирис,  а научниците ги нарекоа „Starbucks efekt“.

– На пример, вам ви се допаѓа мирисот на кафе и ве привлекуваат места од каде тој се шири. Истиот мирис на исто место ги привлекува и други луѓе, а тие се ваши потенцијални пријатели, објаснил Фоулер.