Со проектот „Македонија вработува“ работа ќе добијат околу 20.000 невработени

Со проектот „Македонија вработува“ ќе се вработат најмалку 20.000 невработени граѓани, истакна вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски во вестите на ТВ Сител.

– Моите очекувања се дека некаде околу 20.000 за период од една година би требало да бидат корисници на оваа мерка. Ние сме работеле и со цифри и до 25.000 вработени, но реално нашите очекувања се околу 20.000 вработувања, а тоа го објави и премиерот за време на неговиот натап во Штип, истакна Пешевски.

Тој нагалси дека се претпоставува дека работодавачите најголем интерес ќе имаат за најмладата категорија, односно за оние до 35-годишна возраст.

– Токму од тие причини за да обезбедиме рамноправна застапеност и рамноправни услови или подеднакви шанси за сите категории, ние ги направивме така да колку е постара групата, или условно колку е потешко вработлива да има поголеми бенефиции за работдавачите. Така што во петте групи што ги објавивме, осгласно големината на групите очекуваме подеднаков процент, но реално кога ќе се погледнат апсолутните износи на крај, веројатно во групата до 35-години процентот ќе биде најголем, смета Пешевски.