Со програмата „Самовработување“ за седум години отворени над 6.500 микробизниси

Со програмата „Самовработување“, за седум години, или во периодот од 2007 до 2014 година основани се вкупно 6.775 микробизниси, а вкупниот број лица што директно се вработиле со мерката изнесува 6,885, велат од АВРМ за „Телеграф“.

Даниел Стоимилов е еден од повеќето илјади млади луѓе во Македонија кои одлучиле наместо да чекаат друг да им даде работа, самите да покренат свој бизнис.

-Треба човек да биде активен, упорен и да се труди да најде работа. Имам работено сè и сешто и никогаш не сум се жалел, ниту, пак, сум се срамел, ако не била некоја високоинтелектуална дејност. Упорноста е битна, вели Стоимилов,кој инаку е млад фотограф од Скопје.

Даниел и неговиот бизнис-партнер формирале мала фирма за фотографски и продукциски услуги, по што конкурирале во Агенцијата за вработување на Република Македонија, во програмата за самовработување.

Како што истакна за Телеграф директорот на Агенцијата, Влатко Поповски, најголем број од лицата што се интересираат за овие програми се млади лица.

– Зголемените можности преку програмата за самовработување успеа да го поттикне претприемачкиот дух кај голем број на млади лица, што се огледа во тоа што 31 отсто од основачите на бизниси се млади лица до 29 години – вели Поповски.

Статистиката вели дека голем дел од новоотворените фирми и денес се активни. Така, во периодот од седум години, денес се активни околу 70 отсто од вкупниот број новоосновани бизниси. Во фирмите што се активни, пак, регистрирани се дополнителни 2.200 вработувања. Тоа, како што истакнуваат од Агенцијата, е зголемување на бројот на вработени за 39 отсто.

Целата економска анализа, прочитајте ја на ТЕЛЕГРАФ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.