Со работнички права поуспешни компании

Почитувањето на работничките права, информирањето и консултирањето на работниците за клучните чекори на компанијата и нивното вклучување во носењето одлуки ќе донесат поголем профит, подобри услови за работа и задржување на квалитетниот работен  кадар во државата.

Тоа е пораката од конференцијата „Информирање  и консултирање со вработените во насока на подобро управување на компаниите“, што се одржа денеска во организација на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

На конференцијата експерти и претставници на синдикати од металската индустрија на Португалија со работодавачи и синдикати од државава  дебатираа за ефектите од примената на европските директиви за информации и консултации со работниците, за организирање работнички совети, за статутот на европската компанија и за директивата за прекугранично спојување на компании со ограничена одговорност.

Фотографија:  МИА