Со ракети од Сирија погоден турски пограничен град, интензивирани дипломатски комуникации

Ден по почнувањето на турската воена операција на северот од соседна Сирија ракети истрелани од сириска територија го погодија во неделата рано утрото турскиот пограничен град Килис, кој и во минатото беше цел на слични ракетирања.

Три ракети оштетиле две згради, додека четвртата паднала на празен простор во центарот на Килис и нема повредени. Според новинската агенција Anadolu, турските безбедносни сили се одмаздиле веднаш за овој напад.

Турција во саботата започна воена операција со воздушни удари врз силите на курдските милитанти во северната сириска област Африн. Курдските милиции Единици за заштита на народот (YPG) Анкара ги смета за терористички и поврзани со забранетата Работничка партија на Курдистан (PPK) којашто со децении води војна на југоистокот на Турција.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим најави дека турските копнени сили во неделата ќе изведат „неопходни активности“ во областа Африн. Тој во саботата вечерта рече дека турските сили ги уништиле речиси сите цели кои ги идентификувале во споменатиот регион. Погодени се 108 цели кои им пропаѓале на курдските борци во речиси седумгодишната сириска војна, во којашто се помагани од САД кој ги смета за сојузници во борбата против Исламската држава. Овој пристап на Вашингтон, како и новата турска операција ги зголемуваат шансите за натамошно влошување на турско-американските односни.

Турција објави дека на теренот има поддршка од сириските бунтовници кои ги поддржува, припадници на Слободната сириска армија (FSA). Курдската милиција објави дека во турските напади се убиени шест цивили и тројца нејзини борци, а ранети се 13 лица,. Во Африн и живеат повеќе од милиони луѓе и има многу побегнати од другите делови на Сирија во кој се водеа борби.

Пентагон во саботата соопшти дека САД ги повикуваат вмешаните страни во судирот, наместо тоа да ги насочат борите против Исламската држава, на што претходно Анкара одговори дека со џихадистичката групација е завршено. „Ги поттикнуваме сите страни да ја избегнат ескалацијата на судирите и да се фокусираат ана најважната задача – поразот на Исламскатга држава“, изјавил функционер на Пентагон, пренесе Rеuters.

Поради турскиот напад интензивирани дипломатските активности

Стејт департментот објави дека американскиот државен секретар Рекс Тилерсон разговарал со рускиот и со турскиот колега, но не откри детали од разговорите. Според руското министерство за надворешни работи, шефот ан дипломатијата Сергеј Лавров со Тилерсон зборувал за ситуацијата во Сирија, за прашањата за осигурување стабилност на северот од земјата, како и за прашањата за процесот на мирно решавање на судирот во Сирија под покровителство на ОН, особено во контекстот на Конгресот ан сирискиот национален дијалог кој ќе биде одржан кон крајот на јануари во руското црноморско летувалиште Сочи. Разговорот меѓу Тилерсон и Лавров бил одржан на американска иницијатива.

Москва е загрижена поради турската офанзива во Африн поради која нејзиниот сојузник сириската влада на претседателот Башар ал-Асад реагираше дека претставува кршење на сирискиот суверенитет, и руското министерство за надворешни работи ги повика сите вмешани страни на воздржаност.

За ситуацијата во Сирија во саботата телефонски разговарале и началниците на генералштабовите на руската и на американската армија, Валериј Герасимов и Џозеф Данфорд, објавија руски извори, без да наведат детали од разговорот.

Руските војници заминале од областа Африн, наведе во саботата руското министерство за одбрана. Командата на руските сили во Сирија ги преземала сите мерки за безбедност на руските војници кои се распоредени во регионот на Африн и тие единици се повлечени кон Тал Рифаат за да се спречат можни провокации и да се исклучи секава закана за руските војници, соопшти истиот извор, пренесе агенцијата ТАСС.

Рускиот сенатор Франц Клиценвич изјави во саботата дека Русија ќе ја поддржи Сирија дипломатски и ќе бара во ОН Турција да ја прекине својата операција. Сириската влада операцијата на Анкара а осуди како „турска агресија врз Африн“, порачувајќи дека станува збор за сириска државна територија.

Турскиот напад следеше по седмицата предупредувања од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и членовите на неговата влада. Анкара особено ја разгневи американската најава за обука и вооружување на 30.000 курдски борци на североистокот од Сирија. Јакнењето на курдските сили во Сирија, Турција го смета за закана по нејзината безбедност стравувајќи од создавање на независна курдска држава на својата јужна граница. Курдите во Сирија пред две години прогласија веќе автономија и независност, што беше осудено од сите фактори во сирискиот конфликт, а исто така, и автономниот курдски регион во соседен Ирак одржа референдум за независност, што наиде на осуди.