Македонија

ВИДЕО: Со реконструкцијата Албанскиот театар ќе добие нов и современ лик

ВИДЕО: Со реконструкцијата Албанскиот театар ќе добие нов и современ лик

Нов и современ лик ќе добие објектот на Албанскиот театар со реконструкција која што започна денеска.

Планирана е интервенција во делот на архитектурата, сценскиот дел и електрична инсталација.

Овој театар во минатото работеше во услови на дотраеност и руинираност и по барање на Албанскиот театар, Владата за негова целосна реконструкција издвои осум милиони евра. Со цел да излеземе до пресрет и на Албанскиот и на Турскиот театар, по реконструкцијата овој театар ќе функционира како Албански, а до крајот на овој месец ќе стартува изградбата на нов Турски театар“, истакна премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на отпочнувањето на реконструкцијата на театарот.

Груевски во обраќањето истакна дека три други театри оние во Велес, Тетово и Струмица ќе бидат реконструирани.

Министерката за култура пак вели дека реконструкцијата на овој театар треба да биде завршена до септември идната година.

„Реконструкцијата на оваа национална установа ќе овозможи да се создаваат и гледааат претстави како во најголемите и современи театарски сали.  По реконструкцијата Албанскиот театар наместо една ќе добие две најмодерно опремени театарски сали“, посочи министерката.

На започнувањето на реконструкцијата на Албанскиот театар присуствуваше и вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери.