Со шест чекори до најдобриот секс во животот

Еве неколку идеи како да го подобрите вашиот перформанс во постелата.

Прво и основно, немојте да глумите оргазми. Лажирањето на оргазмите е доста зачестена појава. Околу 60 отсто од жените барем еднаш во животот одглумеле оргазам. Ако ова ви стане навика, може да доведе до сериозни проблеми во интимата, пад на самодовербата и проблеми во врската.

Ако не му кажете на вашето момче што е тоа што ви одговара и што не е во ред и дека всушност неможете да доживеете оргазам, тој ќе мисли дека се е во ред и нема да може да се потруди. Бидете искрени.

Кажете отворено што сакате. Бидете искрени со вашиот партнер околу тоа што би требало да поправите во вашата врска, а што совршено ви одговара. Студиите покажале дека поотворените и попозитивните партнери во однос на сексор, постигнуваат повече сексуално задоволство. Ако тој прави нешто што не ви одговара, немојте да молчите, туку веднаш кажете му. Бидете јасни и гласни.

Престанете да ги задушувате звуците. Постои директна корелација помеѓу секси гласот и добриот секс, па затоа слободно изразете го вашето задоволство и пуштете глас. На тој начин ќе го охрабрите партнерот и ќе му дадете до знаење дека ви одговара и дека сте мошне возбудени.

Важно е да се усовршувате во секси авантурите, а зачестените сексуални односи се вистински начин за тоа. Честите сексуални односи водат до подобар секс, затоа што ја зголемувате вашата самодоверба, се зближувате со партнерот и станувате посреќни и поздрави. Бидете иновативни.

Постојано воведувајте нешто ново во вашиот сексуален живот. Ако сексуалните помагала не ви се допаѓаат, тогаш пробајте со секси долна облека, лубрикант или можеби со некоја нова поза или локација. Следете го вашето расположение.

Нормално е вашето расположение да варира во текот на денот, а сексот исто така треба да го отсликува вашето расположение. Ако сакате емоционална конекција или нешто што вклучува контакт со очите, обидете се со мисионерска поза. Ако се чувствувате оптимистично и полетно, пробајте некоја нова поза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.