Со што ИСИС ги привлекува младите девојки?

Борците на Исламската држава се во потрага по сопруги. Затоа по пат на интернет пронаоѓаат тинејџерки. Еве што им ветуваат.

Многу девојки веќе наседнале на “фантастичниот” живот за кој им зборуваат непознати мажи кои ги запознале на интернет.

Борците на ИСИС се’ почесто ги наоѓаат девојките на социјалните мрежи, па така минатата седмица успеале да убедат три тинејџерки од Денвер да ги напуштат своите домови и да тргнат во Сирија. Девојките на возраст од 15, 16 и 17 години биле сопрени во Германија и вратени дома, пишува CBS News.

Не е јасно што “он-лајн предаторите” точно им ветиле, но експертите веруваат дека тие ги придобиваат девојките ветувајќи им земја од соништата во која ќе живеат среќно со добри сопрузи.

Исламистите “регрутираат” се’ помлади и помлади девојки и за многу кратко време им ветуваат брак. Многу девојки наседнуваат на тие ветувања.

Минатиот месец едно 19-годишна девојка од Колорадо признала дека планирала да се омажи за човек кој го запознала на интернет, а кој се бори од страната на екстремистите, пишува CBS News.