Со штрафцигер во вратот го кажала името на убиецот и починала

Убава млада жена, која е претепана, силувана, избодена со штрафцигер во врат и оставена да умре, преживеала доволно долго за да може да го каже името на својот напаѓач. Романката Елиза Драгане (30) била несреќна во љубовта, па своето ново момче, Нико Алин Кристеа (29), кого го запознала на Фејсбук го држела во тајност.

Атрактивната девојка била нападната на периферијата на Александрија, во Романија. И покрај повредите, успеала да  дојде до улицата, од каде е пренесена во болница, но паднала во кома и починала.

Меѓутоа, пред да умре, таа собрала доволно сили да даде кратка изјава, па рекла дека Кристеа ја нападнал.

Од полицијата рекле дека Кристеа ја запознал Елиза на Фејсбук и и`рекол дека е хуманитарен работник кој своето време го посветил на деца без родители. Всушност тој бил работник оженет дури претходниот месец.

Елиза и Кристеа зборувале преку интернет и договориле средба, а девојката ја прифатила неговата понуда да дојде по неа со автомобил. Но наместо да ја пренесе до бар, Кристеа ја однел на оддалечено, рурално место, каде ја силувал и претепал.

Кристеа признал дека за време на нападот ја давел Елиза и ја избодел во врат со штрафцигер. Уверен дека е мртва, го зел нејзниот мобилен телефон и се поврзал на нејзиниот Фејсбук профил од каде ги избришал трагите.

Сепак, Елиза успеала да отполза до улицата каде ја пронашле и повикала полиција.

Била префрлена итно во болница каде лекарите залудно се бореле за да го спасат нејзиниот живот. Откако разговарала со истражувачите, паднала во кома од која не се пробудила.

Кога полицијата стигнала во домот на осомничениот, тој славел со пријателите – месец дена откако е во брак. Од почеток се` негирал, но тогаш му рекле дека го именувала токму Елиза.

Моментално е во притвор.