Со спреј против тие кои мрдаат во живиот ѕид

За прв пат во мундијалската историја, главниот судија ќе има на располагање шише во кое ќе има специјална испарувачка течност која ќе биде користена пред да бидат изведени слободните удари кои се лоцирани во близината на казнениот простор.

Испарувачката течност има слични карактеристики како пената и со неа судиите можат да го означат местото на кое треба да биде поставен “живиот ѕид” или на кој било направен прекршок. Течноста испарува за неколку минути и не загадува на кој било начин.