Со средбата на Трамп, Јункер и Туск започна обемната агенда во Брисел

Со средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и челникот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во четвртокот претпладнето започна во Брисел денот кој ќе биде исполнет со многи дипломатски актвивности.

Ова е првата средба на американскиот претседател Доналд Трамп со европските челници, со коишто во текот на кампањата често разменуваа меѓусебни критики бидејќи вторите отворено застанаа на неговата противкандидатка на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон. Средбата претставува вовед во самитот на НАТО кој започнува попладнето. Во меѓувреме Трамп ќе има работен ручек со францускиот претседател Емануел Макрон.

Веднаш по средбата претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека ЕУ и САД немаат заеднички позиции во врска со Русија. „Немаме заеднички позиции во одност на Русија“, изјавил кусо Туск за новинарите по завршувањето на средбата со Трамп без да даде детали.

Засега нема информации и за разговорите, за кои се очекуваше дека европските челници ќе го соочат Трамп со американските обврски кон исполнувањето на климатскиот договор, прашањата за слободната трговија и надворешната политика.

Челницие на 28-те земји членки на НАТО се собираат денеска во Брисел на кус самит на кој првпат учествива американскиот претседател Доналд Трамп, чиишто изјави за застареноста на Алијансата и за Брегзитот како одлична работа и критиките за недоволното влижување во одбраната на сојузниците предизвика голема вознемиреност во Европа.

Челниците на НАТО се собираат на самит на секои две години, но овој состанок на врвот е исклучок, а повод е отворањето на новото седиште на Алијансата, коаешто се наоѓа веднаш наспроти старото во бриселското предградие Евере. Самитот беше планиран многу порано за оваа пролет кога уште не можеше да се предвиди дали новото седиште ќе биде готово. Самитот ќе се одржи во новиот недовршен комлекс кој во четврток ќе биде свечено отворен, но вистинското преселување се очекува дури есенва кога сите работи треба да бидат довршани.

Самитот се сведува на работна вечера на челниците на Северноатлантскиот сојуз, така и што воопшто не се очекуваат позначајни расправи. Секој од челнциите ќе има по три минути за дискусија.

Пред работната вечера ќе бидат откриени два споменика кои се наоѓаат пред новата зграда: во спомен на падот на Берлинскиот ид и на терористичниот напад врз САД од 11 септември 2001 година кога НАТО првопат во својата историја го активираше членот 5 од Сверенотатлантскиот договор, според кој напад врз една земја членка претставвуа напад врз сите. Отворањето ќе биде дополнето со спектакуларно прелетување на воени авион на членките.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.