Со срп и вила киднапирале сириски мигранти и ги ограбиле

Четиримина жители на Градско, завчера заканувајќи им се со срп, вила и коса киднапирале и ограбиле четиримина илегални мигранти од Сирија, кои ги пресретнале кај железничката пруга.

Велешката полиција поднесе кривична пријава против Б.Е. (33), И.У.(34) , Б.М. (34) и Ф.Е. (28) од Градско, поради основано сомнение дека сториле кривични дела противправно лишување од слобода и разбојништво, а судот им одреди 30-дневен притвор.

Како што извести полицијата, завчера во Градско во близина на железничката пруга, пријавените пресретнале четиримина сириски државјани и заканувајќи им се со земјоделските алати, насилно ги внеле во куќата на првопријавениот, каде ги задржале околу еден час. Им одзеле 325 евра, 700 денари и три мобилни телефони, по што ги избркале.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.