Со сурови воени техники лекуваат зависност од интернет

Израелскиот режисер Шош Шлам и Хил Медали се едни од ретките на кои им е пружена прилика да ја посетат клиниката за зависници од интернет во Пекинг. Нинвиот документарен филм „Веб џанки“, што моментално се прикажува во рамките на фестивалот Санденс, открива како живеат тинејџерите на кои компјутерот им е најдобар пријател.

„Ако поминувате повеќе од шест часа дневно на интернет, а тоа не го правите поради учење или работа, вие сте зависник“, предупрдува Шош Шлам.

Центарот за депрограмирање е изграден во 2005 година во прваа земја на светот која ја призна зависноста од интернет како клиничко нарушување. Сместен е во воена база и користи строги воени техники за искоренување на навиката кај пациентите. Тинејџерите овде се главно против своја волја, па ја користат секоја прилика за обид за бегство. Поради тоа на прозорците има решетки, а во дворот шетаат чувари.

По приемот на клиниката, на главата на секој пациент му се става специјален инструмент кој што треба да утврди колку е оштетен мозокот поради прекумерно користење интернет.

Во еден дел од документарецот се прикажува процесот на мерење.

„Кога последен пат си ја изми косата?“, прашува член на персоналот еден млад обожавател на онлајн игри, а тој одговара дека не се сеќава.

Друго момче седи на креветот во близина и плаче.

„Оставете ме на мира, во болку сум“, вели тој низ солзи, неутешен е бидејќи родителите го одвоиле од компјутерот.

Според зборовите на еден од режисерите, зависниците од интернет немаат никаков социјален живот и негуваат погрешни верувања дека онлајн игрите им се пријатели.

„Еднаш играв 15 дена без прекин“, признава еден пациент.

Од страв да не си го нарушат резултатот во играта ако одат до тоалет, зависниците носат пелени, не се бањаат, а фрижидерот го преместуваат во спалната соба.

Професорот Тао Ран, директор на Центарот за депрограмирање, нема дозвола за отварањето на оваа институција, но тврди дека западот би требало да се угледа на него. Ран вели дека пациентите за одвикнување им се потребни најмалку три месеци и гарантира успех во 70 отсто од случаевите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.