Балкан

Со своето „ферари“ завршил во рибник во Австрија

Со своето „ферари“ завршил во рибник во Австрија

Триесет и шестгодишен Хрват со своето „ферари“, вредно 200 илјади евра излетал од патот и завршил во рибник во Австрија.

Возилото со кое управувал хрватскиот државјанин од непознати причини излетало од патот, по што се лизгало околу 70 метри низ падината и на крајот завршило во рибникот. “Ферарито” вредно околу 200.000 евра, потонало целосно во 2 метри длабоката вода.

ferari1

Возачот, за среќа, успеал да се извлече од автомобилот и отишол до првата куќа каде што повикал полиција и итна помош. Бил пренесен во болница во Филах, а пожарникарите го извлекле возилото од рибникот.