Со три промили алкохол во крвта искршил гласачка кутија

Против триесет и четиригодишниот Д.Д. од с. Криволак ќе биде поднесена кривична пријава, бидејќи ја искршил гласачката кутија на избирачкото место во с. Криволак.

Тој е приведен во полициската станица во Неготино каде е утврдено дека имал 3 промили алкохол во крвта.