Со ваква инспирација и нашите фудбалери ќе се пласираат на ЕП или СП

“Навиваме за нашите гладијатори” во еден глас викнаа водителките кои како од мајка родени ги испратија фудбалерите на Венецуела на Копа Америка.

Кога ќе се спомне фудбал, водителките во Венецуела соблекуваат се од себе. Во текот на СП минатата година кое се играше во Бразил, стриптизети ги водеа фудбалските вести, а како паѓаа головите, паѓаше и нивната облека.

Наскоро почнува Копа Америка, и повторно иста приказна…

“Навиваме за нашите гладијатори” во еден глас викнаа водителките, кои ги испратија фудбалерите на Венецуела на Копа Америка. Тоа секако немаше да биде ништо чудно, доколку не го стореа како од мајка родени.

Копа Америка почнува на 11-ти јуни и ќе трае до 4-ти јули. Уругвај го брани насловот, а организатор е Чиле.

За пехарот ќе се борат 12 селекции: Аргентина, Бразил, Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор, Јамајка, Мексико, Парагвај, Перу, Уругвај и Венецуела.

Селекцијата на Венецуела е во група со Бразил, Колумбија и Перу.