Со вежбање против депресијата

Спортувањето ја лекува депресијата, покажуваат резултатите од последните истражувања.

Неделниот тренин ги намалува ризиците за 16%. Луѓето со симптоми на депресија се помалку активни, особено младите.

Во истражувањето учествувале 11.000 луѓе, родени во 1958 година. Тие ги запишуваа симптомите на депресија и нивото на активност на 23, 33, 42 и 50-годишна возраст, пишува во “Дејли Меил”.

“Физичката активност во слободното време има заштитен ефект против депресијата. Ако човек на возраст на возраст меѓу 20 и 40 години, кој не е физички активен, почне да спортува 3 пати неделно, ќе се намали ризикот од депресија со околу 16%”, вели д-р Пинто Переира, автор на студијата.