Со законот за хонорарци ќе се спречи злоупотребата на вработените со договор на дело

Законските измени кои предвисуваат плаќање придонеси за хонорците, а кои стапуваат на сила од 1 јануари 2015 година, ќе ја елиминираат нелојалната конкуренција меѓу компаниите, бидејќи реално на пазаот постои злоупотреба на вработени со полно работно време кои се плаќаат со договор на дело. Тука законот ќе влијае позитивно, смета Сеад Кочан, заменик претседател на ССМ.

„Сите хонорарци кои имаат авторски или договор на дело со една компанија, придонесите ќе треба да им ги плаќа фирмата која ги ангажирала. Оние кои имаат повеќе договори со повеќе фирми , а збирниот износ е над минималната плата самите ќе ги плаќаат придонесите . На овој начин ќе се регулира пазарот и ќе се стави крај на досегашната нелојална конкуренција од страна на фирмите кои го рушат пазарот и ќе помогне подобро да се вреднува трудот“, вели Кочан.

Според него, како интервенција во законското решение би можело да се помести прагот  на висината на суамата за која би биле задолжителни давачките, од минимална на просечна македонска плата.

Со новиот закон, според Кочан, би се овозможило хонорарците да добилат социјална сигурност, пензија и еднаков третман со работниците кои се во посотојан работен однос. Воедно, со тоа би се стимулирале компаниите да го вработат хонорарниот работник.

Кочан не смета дека со примената на законот би се сменила политикта на вработување и според некоја економска логика, работодавачите, наместо лица на неопределено време, работниците ќе ги вработуваат со хонорарни договори, бидејќи ќе им биде поевтино.

„Доколку сте сериозна компанија и сметатеа дека местото на пазарот треба да го освоите со лојален и коректен начин тогаш треба да имате стратегија за да се одржите што подолго на пазарот. Тогаш економската логика е да формирате тим кој ќе работи за вас, кој ќе биде тука цело време за вас, а хонорарецот доколку добие подобра понуда, без никакви обврски ќе ве наушти. Како бизнисмен, доколку имам намера да се занимавам долго со бизниот и да направам што е можно подобар тим, треба да обезбедам услови кои ќе го  натераат работникот да сака да биде во мојот тим“, смета Кочан, и додаде дека според законот, фирма може да ангажира хонорарец од област која не е основна дејност на  компанијата. На пример, градежна компанија не може да ангажира градежен инжењер,  кој со години ќе работи хонорарно.