Со железен бокс претепал вработен во пицерија

Дваесет и осумгодишниот Б.П. од Гостивар доби кривична пријава бидејќи претепал вработен во една пицерија.

Тој започнал вербална расправија со вработениот по што заминал од објектот.

Околу 15,00 часот пријавениот  го пресретнал оштетениот додека истиот одел накај дома и со железен бокс му нанел тешка телесна повреда во пределот на лицето.