Спорт

Со Женската трка стартува Скопскиот маратон

Со Женската трка стартува Скопскиот маратон

На 6 април во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи 2-та Женската трка. Минатата година за прв пат беше организирана ваков вид на трка. Таа е една од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот Маратон 2014. Трката е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Целта на женската трка е превенција од заболувањата преку активно вежбање и привлекување на што поголем број жени да се вклучат во некоја од трките на Виз Ер Скопскиот маратон 2014.

Трката нема натпреварувачки карактер, сите учеснички што ќе ја завршата трката се победници. По завршувањето на трката е предвидена лотарија за учесничките каде ќе бидат доделени награди од спонзорите.

Подржувачи и промотори на трката се Искра Јовановска, која преку социјалните мрежи ја формираше групата за рекреативно трчање “Трчаме Заедно”, иницијатива за покренување на свеста кај жените за водење на здрав живот преку рекретивно трчање и пејачката Викторија Лоба, која редовно практикува рекреативното трчање.

Трката ќе се одржи в недела на 6 април стартот е во Градскиот парк кај Школка.  Во 10.30 започнува загревањето со аеробик вежби. Во 11 часот стартува трката. Ќе се трча 1.000 метри, еден круг околу Градскиот парк.

Заинтересираните може да се информираат и пријават на официјалната интернет страница на http://skopskimaraton.com.mk/zenska-trka/ .  Пријавувањето ќе трае до 3 април.

Трките од овој карактер постојат насекаде во светот со иста цел подигајќи ја свеста на жените дека не е доцна да почнеме со активност.