Со „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ се отвора МНТ – ФЕСТ

Со големиот сценски спектакал „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ во режија на Лили Абаџиева  на Театар „Софија“, Р. Бугарија утре ќе биде отворен МНТ – ФЕСТ во Македонскиот Народен Театар.

Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ е драмска поезија за човековата индивидуалност. Во предговорот на збирката поезија „Контемплации“, Виктор Иго напиша: „Тука е раскажана една човечка судбина, ден по ден. Но тоа ли е животот на еден човек? Да, но, тој му припаѓа и на другите. Никој од нас ја нема таа чест да поседува живот што е само негов.“

„Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ е роман инспириран од духот на романтизмот. Во него има од сè по малку: верба во доброто, восхит од убавината, вечната борба меѓу доброто и злото, но и меѓу убавото и грдото, потоа копнеж по среќата, восхит од силата и превласт на чувствата над разумот. Според романот на Иго, судбината игра мошне голема улога во животот на луѓето, но сепак постои простор и за изразување на слободната волја.

zvonarot

Режисерката Абаџиева има учествувано на многу меѓународни фестивали во разни земји. Меѓу останатите награди, таа ја доби и наградата од Министерството за култура на Р. Бугарија за развој и ширење на бугарската култура,Национален театар од Софија ѝ ја додели наградата за најдобра претстава за „Отело“.

За нејзините продукции таа е наградувана во Бугарија, Египет, Македонија и Русија.

МНТ ФЕСТ се одржува по втор пат, оваа година ќе се одржува од 27 мај до 3 јули, а цената на билетите изнесува 200 денари.

zvonarot2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.