Собир против затворањето на балканската рута во Загреб

Неколку стотина луѓе се собраа синоќа во загреб со порака до хрватската Влада и владите на земјите од таканаречената Балканска рута, како и до Европската унија дека се противат на одлуката за затворање на границата за бегалците. Тие оценуваат дека со затворањето на оваа рута се загрозуваат човечки животи и воедно им се дава зелено светло на криумчарите.

На мирниот собир, демонстрантите своето несогласување со политиката на Хрватска и ЕУ кон бегалците го изразија со свиркање и бројни транспаренти, а гласна поддршка добија сите оние кои преку бројни организации се вклучени во помагањето на бегалците, кои се обидуваат да дојдат до Европската Унија од нивните земји, кои најчесто се зафатени од воени судири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.