Собири во Берлин во помен на жртвите на терористичкиот напад

берлин

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, дел од насобраните граѓани носеа транспаренти со пораката „Нема да не поделите“ и ја пееја песната „Ние сме светот“ (We are the World).

Во исто време, германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) повика на панихида за жртвите на терористичкиот напад пред кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, обвинувајќи ја дека таа е одговорна „за смртта на 48 луѓе“.

Водечки членови на партијата на социјалните мрежи порачаа „Доста е доста, покажаете ги своите лица во Берлин“ и повикаа на масовно присуство со кое треба да се осуди политиката на Меркел кон бегалците.

Дел од германската јавност остро ја осуди АФД за злоупотреба на нападот во Берлин за политички цели, бидејќи уште пред да бидат познати какви било детали за напаѓачот, партијата терористичкиот напад го поврза со политиката на отворени врати за бегалците од страна на канцеларката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.