Собири во британски градови против брегзит

Во повеќе британски градови денеска се планирани собирања во знак на противење за излегувањерто на државата од Европската унија.

Демонстрантите ќе бараат пауза во процесот на повлекување и продолжување на блиските културни и економски врски со Европа.

Противниците на брегзит бараат Владата повеќе да го консултира јавното мислење пред да почне преговори за кои се очекува дека ќе потраат. Собири се планирани во Лондон, Единбург, Бирммингем и други градови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.