Што да правите кога листовите на собните цвеќиња ќе почнат да пожолтуваат

Залевањето е еден од најчестите проблеми кај одгледувањето на чувствителните собни растенија. Обично се претерува со количеството вода, но се случува и површината на земјата да фати кора па не е можно рамномерното залевање. Погледнете како можете да ја поправите штетата.

Листовите обично пожолтуваат кога растението премногу ќе се залее „од горе“ и кога површинскиот слој на земјата не е раскопан, па се создава кора што го оневозможува рамномерното залевање. Во тој случај потребно е помалку да ја залевате и тоа најдобро со помош на тацна, но и да го исфрлите вишокот вода по еден час. Подоцна, како што расте растението, долните листови умираат и тоа нема да можете да го спречите.

Кога растението ќе стане неубаво и нестабилно, едноставно исечете ја на околу 10 сантимнетри над земјата, над местото каде почнуваат да растат лисјата. Ќе пушти нови листови. Остатокот од растението немојте да го фрлате, затоа што може да послужи за размножување. Исечете ги на должина од околу 7-8 сантиметри и засадете ги во земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.