Собор на Пресвета Богородица

Со овој празник и се оддава признание на мајката Божја, Пресвета Богородица која е најзаслужна за раѓањето на Спасителот.

Во таа смисла се и црковните песни коишто се исполнуваат при црковните свечености. Но, во народното сфаќање овој ден се смета за втор ден на празникот Божик и празнувањето е во тој дух.

За Богородица се испеани и многу народни песни.