Соборен еден, а не четири авиони во Украина

Украинската војска соопшти дека изгубила еден борбен авион на истокот од државата, а не четири како што тврдат руските бинтовници.

Во соопштението се наведува дека руските противвоздушни системи собориле еден борбен авион Su-25, на територијата каде се борат укаринските сили и проруските паравоени формации.

„Руските противвоздушни системи соборија еден авион. Пилотот успеал да катапултира“, се наљведува во официјалното украинско соопштение, во кое не е прецизирана локацијата каде се случил инцидентот, но наведено е дека авионот е соборен во утрото во петокот.