Соборен украински МИГ-29

Проруските бунтовници собориле украински борбен авион на истокот од земјата.

Леонид Матјукин, портпарол на украинската војска изјави дека леталото МИГ-29 е соборено над регионот Луганск. Пилотот, кој успеал да го напушти леталото, е спасен од страна на украинската војска.