Соборени два украински авиони

Украинската војска изгубила денеска контакт со своите воени транспортни авиони кај Луганск воисточна Украина, каде што води борби со проруските сили.

Прес службата на самопрогласената Луганска Народна Република тврди дека се соборени два украински воени авиони.

„Денеска, за време ручек, контактот со овој авион е изгубен. Не можам да додам ништо повеќе“, потврдил портпаролот на Украинската влада за анти-терористички операции, пренела агенцијата Ројтерс.

Новинските агенции додаваат дека три падобрани биле забележани на небото над Луганск, бидејќи наводно украинскиот авион е соборен во близина на тој град и дека воените патроли се испратени да го најдат екишажот.

Украинскиот воен портпарол рекол дека изгубиле контакт со транспортниот авион во областа нешто пред проруските сили да потврдат дека виделе отворени падобранци над небото на Луганск.

Истовремено проруските сили и прес службата на самонаречената Народна Република Луганкс соопштила дека еден украински авион е соборен во областа Лисичанск, а втор во близина на руско украинскиот граничен премин Изварино, пренела руската новинска агенција Итар Тас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.