петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 48

Соборениот авион на сириско – турската граница е руски

avion-srushen-1

Поврзани вести

Авионот соборен на сириско – турската граница е руски. Руското министерство за одбрана соопшти дека руски авион од типот Su – 24  е соборен на границата помеѓу Турција и Сирија.

Според првичните информации авионот е соборен со ракета од земја. Министерството соопшти дека пилотите успеале да се катапултираат и во моментов се утврдува што се случило со нив, пренесува Б92.

Дел од медиумите пишуваат дека едниот од пилотите слетал на територија во Сирија која е под контрола на бунтовниците, а по другиот сеуште се трага.

piloti-padnale

Су-24 на руската авијација падна на територијата на Сирија по истрелите од земја. Леталото се наоѓало во воздушниот простор на Сирија на височина од 6.000 метри, се наведува во соопштението од руското министерство.

Од турска страна пак се наведува дека рускиот авион го нарушил воздушниот простор на земјата и дека леталото било соборено од страна на два турски авиони F-16 кои биле на патролна должност на границата.

Претходно турските телевизии објавија видео од падот на авионот. Погледнете ја видео – снимката на следниот линк.

Најчитани вести