(ВИДЕО) Соборениот руски пилот во Сирија се убил се граната

© AFP 2018 / Omar Haj Kadour

Рускиот пилот чиј авион беше соборен во саботата во западна Сирија извршил самоубиство со граната за да не падне во рацете на џихадистите и постхумно ќе биде прогласен за херој, пренесуваат во понеделникот руските медиуми, за да се избегнат проектилите од мобилните противвоздушни системи со кои се снабдени исламистичките бунтовници, руските борбени авиони добиле наредба да летаат на височини над 5.000 метри.

Мајорот Рома Филипов се катапултирал кога неговиот борбен авион се запалил при прелетот во зона на деескалација во дел од покраината Идлиб под контрола на џихадистичката групација блиска на Ал Каеда, бил опколен и „вовлечен во нерамноправна борба со милитантните“, соопшти руското министерство за одбрана.

„Тешко ранет, додека милитантите биле оддалечени неколку десетици метри, офицерот се разнел со граната. За смелоста и херојскиот чин ќе биде одликуван со Херој на Руската Федерација“, се додава во соопштението.

Рускиот авион „Су-25“ беше погоден во саботата во областа Идлиб, западна сириска покраина којашто е под контрола на џихадистичката групација Хајат Тајрир ал-Шам, всушност груапцијата Џехат ан-Нусра, којашто така се преименува по совет од Вашингтон и неговите западни сојузници, кога пред две години во Советот за безбедност при ОН се решаваше кои милитантни групации ќе бидат ставени надвор од заштитата на сојузниците на завојуваните страни во Сирија, за да се избегне нејзиното поистоветување со споменатата сириска фракција на терористичката мрежа Ал Каеда, и така да биде броена како наводно опозициска бунтовничка група.

Портпаролот на бунтовничката група Хајат Тахрир ал-Шам, како што ја именуваат западните новински агенции, рекол дека авионот бил урнат во знак на одмазда за руската кампања на бомбардирање на позициите на милитантите.

„Тоа е порака за злосторничките освојувачи да сфатат дека нашето небо не е пикник и дека не може да го кршат, а за тоа да не платат цена“, рекол Махмуд Туркистани за агенцијата Ebaa, која е блиска на оваа групација.

Рускиот авион веројатно е погоден со топлотен наведуван проектил од преносен ракетен фрлач, изјавил за руската приватна агенција Интерфакс, кој вели дека може да станува збор за оруќе од советската ера „Стрела“ или за американски „Стрингер“.

Кремљ изјави дека мобилните ракетни фрлачи со коишто располагаат иламистичките бунтовници во Сирија претставува закана за сите авиони кои дејствуваат во Сирија

„Крајно загрижувачки е тоа што терористите имаат ракетни фрлачи .Тоа е голема опасност за сите влади“, предупреди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Весникот Известија пишува повикувајќи се на воени извори дека руското министерство за одбрана да летаат на височина над 5.000 метри поради нивна безбедност. Песков не најави никаква друга промена во руската политика кон Сирија.