понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 48

Соботка: Бегалците да се враќаат од Грција назад во Турција

katimerini-begalci

Последни вести

Чешкиот премиер, Бохуслав Соботка по денешната седница на Владата соопшти дека европското решение на миграциската криза мора да вклучи регулација на протокот на бегалци во земјите од западниот Балкан, вклучително и на границата меѓу Македонија и Грција.

-Заедничкото решение, мора да опфаќа и помош за Атина, како и да го вклучи враќањето на бегалците од Грција во Турција, додаде Соботка.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Прага, не е воопшто чудно, што земјите на западниот Балкан одлучија да ја регулираат миграцијата.

За него е разбирливо што балканските земји постепено ги затвораат границите како реакција на мерките на Австрија, која најави воведување на лимит за приемот на бегалци.

Соботка оцени дека се претпоставува оти овие мерки ќе ја зголемат концентрацијата на бегалци на територија на Грција и тоа, според него, дополнително ќе ја мотивира грчката Влада да ги враќа мигрантите во Турција, а Анкара да го исполнува договорот со ЕУ.

Најчитани вести