Соботка: Ќе настојуваме за зајакнување на бугарско – македонската граница

Чешка ќе биде подготвена и доколку се зголеми миграцискиот притисок на нашата територија, ќе го зајакнеме надзорот на нашите граници, рече чешкиот премиер Бохуслав Соботка во обраќањето пред пратениците кои на седница разговараа за актуелната бегалска криза.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Соботка повтори дека ќе настојува за зајакнување на граничната линија меѓу Бугарија и Македонија доколку не успее чувањето на шенгенската граница во Грција и турската граница.

Во случај да не успее ниту ова резервно решение, според Соботка, ќе се затворат границите на земјите на средна и југоисточна Европа.