Собрани 210.000 евра преку телефонскиот број за донации и сметката за солидарност

7,9 милиони денари се собрани за три дена преку телефонскиот број за донации 143-400 за поплавеното население по силното невреме кое го зафати Скопје.
На сметката за солидарност легнале до 14 часот 5,1 милион денари или вкупно граѓаните донирале парична помош од 13 милиони и 610 илјади денари, односно 210 илјади евра за настраданите, велат од Црвениот крст.