Македонија

Собрани над 1 милион денари од телефонски донации за тетовско

Собрани над 1 милион денари од телефонски донации за тетовско
Собрани над 1 милион денари од телефонски донации за тетовско

Преку донаторските линии од трите мобилни оператори до денес обезбедена е парична помош од 1.056.900 денари за настраданите во поплавите во Тетово и тетовско.

Црвениот крст соопштува дека на сметката на Фондот за солидарност на ЦК, уплатени се вкупно 81.350 денари.

Црвениот крст денес ја заокружува првичната дистрибуција на хуманитарна помош за настраданите семејства погодени од невремето во тетовско.

Како дополнителна помош за семејствата од Шипковица се дистрибуираат 200 ќебиња, 30 душеци, 20 пакети облека, 50 јакни, 120 фармерки, 25 пара детски патики и 40 пара машки чевли.

Донирај за Тетово и тетовско

075/070/078 143-400

Сметка на Фонд на солидарност

300000001327966 ДБ 4030984271620– Комерцијална банка

Апел за помош за настраданите во тетовско
Апел за помош за настраданите во тетовско

Апел за помош за настраданите во тетовско

Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња е потребна за погодените домаќинства во регионот во тетовско од завчерашното невреме.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8 до 16 часот секо ден до 15-ти овој месец. Контакт телефон за предавање донација: 3096-227.