Собрани над 15 тони вода и храна за поплавените

Над 15 тони храна, вода, средства за хигиена, тоалетна хартија, постелнини, ќебиња, облека и обувки е хуманитарната помош што жителите и бизнис заедницата на Општина Илинден ја обезбедија за жителите на настраданите подрачја од големите поплави што ја зафатија нашата земја.

Во изминатите два дена Општина Илинден ја организираше хуманитарната акција „Да ја покажеме хуманоста на дело“ во која граѓаните, стопанските субјекти, месните заедници, спортските клубови, невладините здруженија, јавните општински претпријатија уште еднаш ја искажаа својата хуманост, покажувајќи дека во секој момент се подготвении да помогнат секому кому е потребна нивната помош.

IMG_0488

Во соработка со компанијата „Дени Интернационал“, која што со еден од своите шлепери се погрижи за транспортот, собраната хуманитарна помош е упатена до оние на кои што во моментот им е најпотребна во Пелагонискиот регион, во општина Новаци.