Собрани над четири тони отпад во еко-акција во општина Аеродром

Како што соопшти општина Аеродром, акцијата е спроведена во периодот од ноември 2016 година до март годинава и има за цел да се зачува животната средина и да се заштитат граѓаните од штетното зрачење на опасниот отпад.

Во урбаната заедница Лисиче, како што се наведува во соопштението, се собрани 351 килограм отпад, во урбана заедница Горно Лисиче – запад и север 264 килограми, во урбана заедница Горно Лисиче – југ 1.209 килограми отпад, во урбана заедница Стар Аеродром 93 килиграми, во урбаните заедници Бисер и Јане Сандански 1.140 килограми, во урбаните заедници „Острово“ и „Мичурин“ 248 килограми, во урбана заедница „Ново Лисиче“ 426 килограми и во месна заедница „Долно Лисиче“ 440 килограми.