Собрани се парите за погребот на Иван

Откако на социјалните мрежи почна да кружи апелот за донации за собирање сретства за погребот на момчето кое загина вчера кај Католичка црква, хуманите луѓе веднаш реагираа.

pari_za_ivan

Другарчињата на трагично загинатото момче ги собирале парите и според најновите најави на социјалните мрежи парите се експресно собрани.

Погребот го обезбеди МПЦ и скопската епархија кои веќе контактирале со погребалното претпријатие и реагираа на веста на социјалните мрежи дека е потребна помош на семејството на загинатото момче.

Погребот на Иван е закажан за денес, а во 7.30 часот неговите другари ќе се соберат пред ГУЦ „Здравко Цветковски“, каде донираните пари ќе се соберат за помош на родителите на Иван.

Сите кои сакаат да донираат пари треба да се упатат во Трнодол каде во продавницата има поставена кутија за донации.

На апелот за помош на родителите на Иван се јавија и бројни фирми и институции да донираат сретства со кои ќе му помогнат семејството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.