четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Собранието го донесе пакетот закони од Договорот од Пржино

Собранието во рамки на 75. седница доцна синоќа донесе по скратена постапка пакетот закони кои произлегуваат од договорот од Пржино и последната лидерска средба во Клубот на пратениците, пренесе МИА.

sobranie-na-rm

Поврзани вести

Собранието во рамки на 75. седница доцна синоќа донесе по скратена постапка пакетот закони кои произлегуваат од договорот од Пржино и последната лидерска средба во Клубот на пратениците, пренесе МИА.

Станува збор за Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Законот за заштита на приватноста, Закон за заштита на укажувачи и Законот за изменување и дополнување на Законот за Влада, како и за одлуката за основање Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето, поднесени од група пратеници.

За измените на Изборниот законик Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека измените се носат во насока резултатите од изборите кои треба да се случат во април 2016 година да бидат прифатливи и прифатени од сите партии со цел да се заврши актуелната политичка криза и Македонија, како што вели, да влезе во еден нормален период во кој Парламентот и Владата и сите институции ќе се занимаат со економсаките потреби на граѓани, наместо со политичките потреби на партиите.

Со законот, рече се предвидува ДИК да се избира по нов модел – по тројца членови ќе ги предлагаат мнозинството, односно опозицијата и тројца кои ќе се бираат со консензус, а се лица кои ќе ја претставуваат експертската јавност. Новина е и зајакнувањето на делот на администрацијата на ДИК со воведување генерален секретар со широки надлежности во спроведување на изборниот процес. Останува одредбата дека против одлуки и постапки на ДИК надлежен да одлучува ќе биде Управниот суд на Македонија. Останува и досегашниот изборен модел на шест изборни единици. Измена има во делот на дијаспората каде пратениците ќе се бираат наместо на три мнозински на една пропорционална единица, а потребниот број гласови за да биде еден пратеник избран е минималниот број гласови кој што на претходните избори го добил пратеник избран во една од шесте изборни единици во РМ.

Процентот на застапеност на помалку застапениот пол, односно женскиот пол, од 33 ќе се зголеми на 40 проценти така што покрај секое трето место на листата загарантирано за жените, во првите 10 ќе мора да има уште едно, а во вторите 10 дополнително уште едно, што  за ВМРО-ДПМНЕ рече, е прифатливо со оглед дека во моментов во нивната пратеничка група застапеноста на женскиот пол е околу 38 отсто. Значајно е и што законот, вели, ќе гарантира еднаков и балансиран пристап на политичките партии до рекламниот простор, но и што по прв пат се внесуваат интернет порталите, односно електронските медуими кои ќе мора да работат во согласност со регулативата на Изборниот законик, а се однесуваат и на радиодифузните и на печатените медиуми.

За нас посебно значајно е што во Изборниот законик конкретно е наведена датата на избори – 24 април 2016, а веруваме дека е битно и за граѓаните од аспкет на предвидливост на оваа политичка криза која на еден чуден начин беше предизвикана во РМ. Во однос на избирачкиот список ВМРО-ДПМНЕ верува во квалитетот на Избирачкиот список врз основа на кој беа спроведени парламентарните избори минатата година, но оставивме како другите партии ќе проценат дека треба да се постапи спрема избирачкиот список  така да го дефинираат од аспект дека им требаат зголемени гаранции за неговиот квалитет, рече Димовски.

Ермира Мехмети од ДУИ истакна дека е задоволна што во предвечерието на објавувањето на Ивештајот на ЕК за напредокот на земјата се донесуваат пакетот – закони од Пржинскиот договор, кои рече, прераснаа во дополнителни политички критериуми за Македонија.

Политичките лидери покажаа дека сепак знаат и можат да се издигнат над личните интереси и да послужат на една цел која се заснова на заедничката аспирација на сите граѓани на Македонија за европска Македонија…Се надевам дека ќе го усвоиме и Изборниот законик кој е резултат на политичкиот дијалог и ќе се донесе со консензус. Да потсетам последниот изборен законик немаше амин од сите четири партии. Овој законик е резултат на договорот на четири политички партии и сакам да верувам дека решенијата што се нудат во овој законик ќе послужат во интерес на граѓаните, рече Мехмети.

Таа го поздради и фактот за поголема застапеност на жените и што иозборот за гласање на дијапосрата, вели, нуди подобро решение, но изрази резерва дека со изгласувањето на овој Изборен законик и менувањето на функционирањето на ДИК во иднина нема да има нерегуларности.

Рената Треневска Десковска од опозициската СДСМ потсети на оценките на партијата за последните параламентарни избори дека биле нелегитимни и нерегуларни поради како што рече, бројните изборни нерегуларности и злоупотреби вклучувајќи ја и веродостојноста на Избирачкиот список.

Факт е дека изборните нерегуларности не се спречуваат само со измена на закон, затоа измените на изборното законодавство ќе бидат проследени и со измени и контрола во самите институции, рече Треневска Десковска.

Таа меѓу другото укажа на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, и истакна дека за моделот на гласање на дијаспората успеале да постигнат консензус со цел да се обезбеди еднаквост на избирачкото право. Во однос на ДИК нагласи дека е потребно нејзино екипирање со квалитетни кадри спремни да го спроведат законот, а за прочистување на Избирачкиот список додаде, за тоа правна основа постои, постојат и механизми, а потребна била само политичка волја тоа да се стори.

СДСМ нема да влезе во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за да спроведува нивна политика. СДСМ ќе биде само контролор на регуларноста на организацијата на изборите. Затоа ќе ги поддржиме измените на Изборниот законик  свесни дека тие се само почетна точка за создавање услови за фер и демократски избори и дека РМ ја чека уште многу работа на патот за целосно обезбедување избори како во западно-евроспките земји, а не како во Белорусија, рече Треневеска Дескоска.

Независните пратенички Солза Грчева и Роза  Топузова Каревска по Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик забележаа на процедурата на која тој е формулиран надвор од Парламентот и што не беше образложен од предлагачот.

Според Грчева, со предложените решенија за прочистување на Избирачкиот список, со теренска проверка практично тој ќе остане ист, а го оспори и начинот на распределба на просторот за медиумско претставување на партиите. Топузова – Каревска, пак, рече дека за прочистување на Избирачкиот спиок неопходен е попис, а тој не е спроведен.

Пратеникот Зулфи Адили рече дека со овој закон не се постигнати целите на гласачите Албанци и не носи ништо ново од претходниот закон во делот на гласање на дијаспората. И тој го оспори прочистувањето на Избирачкиот список со предложените решенија.

Лилјана Поповска од ДОМ рече дека ќе по поддржи ова решение за Изборниот законик, но жали што не се исполнила заложбата на оваа партија за Македонија како една изборна единица, бидејќи вели тоа ќе значело вистинска демократизација на земјата. Во однос на гласањето на дијаспората задоволна е што тоа останало, затоа што имаме голема дијаспора, а како напредок го оцени и воведувањето квоти за жените со кои се зголемува нивното учество во избирачките листи, кој е вели успех на жените парламентарки од сите партии.

По однос на новините што ги носи Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ како еден од предлагачите посочи, е во членот 151 кој се однесува на неовласеното прислушување и тонско снимање на разговори, а со кои се воведуваат казни затвор од една до пет години и парични казни со зафаќања во годишниот приход ако е сторено од правно лице – давател на телекомуникациски услуги. Со тоа, додаде, ова дело станува тешко кривично дело и за него може да се применуваат одредбите од Кривичниот законик и може да биде гонето по службена должност.

За Предлог законот за заштита на приватноста Павле Трајанов и Роза Топузова Каревска се согласија дека е лошо конструиран, конфузен и непрецизен. Трајанов смета дека со него се загрозува слободата на информирање во РМ и побара да не се гласа по него бидејќи е непотребен, а Топузова Каревска дека треба да се повлече и претходно да се продебатира за него.

Горан Мисовски од НСДП, пак, рече дека станува збор за закон кој прецизно го регулира објавувањето на „бомбите“ на СДСМ кое ќе важи еден месец по изборите закажани за април.

Димовски реплицираше дека всушност објавувањето на прислушувани материјали е опфатено со измените на Кривичниот законик, членот 151 со кој е предвидено дека секој оној што ќе му овозможи на лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушувана ќе се казни со една до пет години затвор и дека ова дело ќе може да се гони по службена должност, а станува збор за тешко кривично дело.

Без расправа поминаа Предлог законот за заштита на укажувачи и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Влада на РМ.

Најчитани вести