Во Собранието денеска седници на четири собраниски комисии

Во Собранието денеска седници на четири собраниски комисии. Во Собранието на Р.М. денеска треба да одржат седници Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето, Комисијата за финансирање и буџет Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето треба да достават листи со предложени сведоци и/или експерти и да го донесат Планот за работа на Комисијата.

Во Собранието денеска седници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска седници на четири собраниски комисии

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка – второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат по измените и дополнувањата на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и на Законот за градење, двата по скратена постапка – второ читање.

На дневен ред на ЗПК се измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и  на Законот за градење, сите по скратена постапка – второ читање.