среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 18

Собранието не ги изгласа барањата на СЈО

Со измените на Законот за СЈО се бараше продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, измените на Законот за заштитени сведоци предвидуваа специјалниот јавен обвинител да може да одреди статус на заштитен сведок на одредено лице, а со измените на Законот за административни службеници се бараше да се одложи оценувањето на администрацијата до 31 декември 2017 година.

132827704

Поврзани вести

Пратениците не ги прифатија предлозите поднесени од опозицијата на седницата по скратена постапка да се разгледаат и законите за изменување и дополнување и на Законот за СЈО, на Законот за заштитени сведоци, и на Законот за административни службеници. Со измените на Законот за СЈО се бараше продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, измените на Законот за заштитени сведоци предвидуваа специјалниот јавен обвинител да може да одреди статус на заштитен сведок на одредено лице, а со измените на  Законот за административни службеници се бараше да се одложи оценувањето на администрацијата до 31 декември 2017 година.

Со измените на Законот за енергетика, како што информира министерот за економија Дритон Кучи, се прави прецизирање на законските одредби за операторот на  системот за дистрибуција и раздвојување на другите претпријатија кои се за производство на електрична енергија.

Измените, пак, на Законот за минерални суровини предвидуваат измена на еден член со што се утврдува обврската на концесионерот да плаќа годишен надоместок за вршење на детални геолошки истражувања.

Измените на Законот за данокот на додадена вредност, појасни министерот за финасии Кирил Миноски, се во насока на менување на стапката на ДДВ за увоз на пелети и печки и котли за пелети на 5 отсто, на поедноставување на постапката за прометот на струја за да се избегне плаќањето на ДДВ и поврат на ДДВ за електрична енергија која транзитира низ Македонија и предвидуваат исфрлање на формуларот ДДВ 04, бидејќи податоците кои се во него веќе ги има во постоечките извори на информации што ги прибира УЈП.

Со измените на Законот за народниот праобранител, пак, се предвидува да се направа понатамошно усогласување со Паришките принципи и со препораките на  експертите од ЕУ.

По утврдувањето на дневниот ред претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја прекина седницата се додека не се создадат деловнички услови за расправа, односно додека точките на дневен ред не бидат разгледани на матичните собраниски комисии. Нејзиното продолжение дополнително ќе биде утврдено.

Најчитани вести