Собранието денеска ќе ја одржи 86-тата седница

Во Собранието денеска ќе се одржи 86-тата седница, на чиј дневен ред се предлог-законите за дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и за пензиското и инвалидското осигурување, и двата по скратена постапка.

Пратениците ќе дискутираат и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка.

По завршувањето на 86-тата седница, Собранието ќе одржи и ново продолжение на 85-тата седница. На дневен ред се повеќе закони по скратена постапка, како Законот за акцизите, Законот за субвенционирање на станбен кредит.