Собранието донесе шест закони по скратена постапка

предлог

Предложените законски измени се во функција пропишување на законска рамка со која ќе се уредат даночните, царинските и другите фискални погодности, условите, начинот и постапката на користењето на фискалните погодности во врска со одржувањето на УЕФА Супер Куп 2017 во Република Македонија.

УЕФА Супер Куп 2017 е фудбалски натпревар кој го организира УЕФА во 2017 година и на кој учествуваат актуелните шампиони на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Без расправа пратениците денеска ги усвоија и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), на Законот за вршење на сметководствени работи, по скратена постапка, и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, сите во скратена постапка.

Собранието ги усвои и Предлог законот за дополнување на Законот за данокот на добивка,  и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спортот, по скратена постапка.

Измените на овие закони се во насока на овозможување на спроведувањето на мерките за зголемено инвестирање во спортот што неодамна ги најави Владата.

На дневен ред на оваа 124. седница остана уште Предлог-законот за вработување сто најдобри дипломирани студенти од јавните универзитети во државата, по кој денеска расправа и собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски најави дека продолжението на оваа седница ќе биде дополнително закажано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.