четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 45

Собранието ги избра новите министри и заменици

За Спасовски гласаа 101 пратеник, воздржани и против немаше, за Ташевска Ременски исто така гласаа 101 пратеник, воздржани и против немаше, додека за Арсовска- Томовска 71 пратеник гласаа „за“, додека 31 беа против.

собрание

Поврзани вести

Собранието на Република Македонија на денешната 76 седница ги избра Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Форсина Ташевска Ременски за министер за труд и социјална политика и Марта Арсовска- Томовска за министер за информатичко општество и администрација.

За Спасовски гласаа 101 пратеник, воздржани и против немаше, за Ташевска Ременски исто така гласаа 101 пратеник, воздржани и против немаше, додека за Арсовска- Томовска 71 пратеник гласаа „за“, додека 31 беа против.

Собранието претходно ги констатира оставките на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика Митко Чавков и Диме Спасов, на министерот без ресот Висар Фида и на заменик министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска- Томовска.

Денеска се избраа и пет дополнителни заменици министри, од кои тројца се по предлог на СДСМ, а двајца по предлог на ВМРО – ДПМНЕ.

По предлог на ВМРО – ДПМНЕ, заменици министри ќе бидат досегашните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика Митко Чавков (97 пратеници гласаа „за“ од вкупно 97) и Диме Спасов (95 пратеници гласаа „за“ од вкупно 95).

Кире Наумов, по предлог на СДСМ е новиот заменик министер за финансии (95 гласа „за“ од вкупно 95 пратеници. Љупчо Николовски, исто по предлог на СДСМ е изгласан за заменик министер за земјоделие (97 гласа  „за“ од вкупно 97 пратеници) и Александар Кирацовски е заменик министер за Информатичко општество (99 гласа „за“ од вкупно 99 пратеници).

Најчитани вести