четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Собранието го избра новиот состав на ДИК

Во рамки на 83. седница Собранието на Република Македонија со 102 гласови „за“, без „воздржани“ и „против“ го избра новиот состав на ДИК.

dik_2

Поврзани вести

Во рамки на 83. седница Собранието на Република Македонија со 102 гласови „за“, без „воздржани“ и „против“ го избра новиот состав на ДИК.

Претседател на Комисијата ќе биде Александар Чичаковски, потпретседател Реџеп Прекопуца, кои што се од редовите на експертите. Членови на Комисијата се Атанас Урумов, исто така од редот на експертите, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА.

Пратениците од партиите на власт сметаат дека со гласањето за ДИК се отстрануваат сите пречки за спроведување на изборите во април, како решение на политичката криза и оти народот тогаш ќе го каже последниот забор.

Димовски: Секоја политичка криза завршува на избори

Секоја политичка криза завршува на избори, смета Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе кажат кој бил, а кој не бил во право. Тој смета дека опозицијата ги спори изборите бидејќи не сака да признае пораз од околу 200 илјади гласови.

Димовски: Секоја политичка криза завршува на избори

Димовски: Секоја политичка криза завршува на избори

Не е точно, рече, дека изборите биле нерегуларни, туку тоа го измислиле оние кои сакале да се правдаат пред членството за поразите. Излезете во реалниот свет и да видите зошто не ве гласаат, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Горан Сугарески од СДСМ истакна дека денеска се бира нова изборна комисија бидејќи, како што рече, зошто изборите во минатото биле криминални, нефер и недемократски.

Неговиот сопартиец Петре Шилегов смета дека државата ќе се стабилизира и кризата ќе биде надмината тогаш кога, како што рече, ќе има фер, чесни и кристално чисти избори, на кои вие тогаш ќе изгубите.

На оваа седница  пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ е избран за член на Анкетната комисија за скандалот со прислушување на местото на Силвана Бонева, која беше избрана за член на ДИК.

Најчитани вести