Собранието им го одзеде имунитетот на шестте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Мнозинството во Собранието гласаше за одлуката одобрување на притвор на шесте пратеници оод ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски е одземен и тие остануваат во притвор.

Седницата водена од Талат Џафери траеше кусо. За секој пратеник се гласаше поединечно и одлуката за сите беше иста.

Собранието на Република Македонија водено од СДСМ и ДУИ денес одведе шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во притвор. Власта постапува како во време на фашизам и оваа одлука е класична партиска пресметка, а не почитување на закон како што сакаат да ја претстават.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за скандалозно поставено дело: „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

За одземање на мандатот гласаа 66 присутни пратеници на денешната 25 седница.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не учествува на седницата. Според нив, седницата е „политичка фараса, чија единствена цел е реваншизам, сеење омраза и уништување на сите оние кои што мислат различно“.

Со денешното гласање заврши постапката предвидена со Деловникот на Собранието и Уставот за симнување на имунитетот на шестемина пратеници. Тие, сепак, според македонската легислатива и Уставот, ќе останат на пратеничката функција се додека евентуалната пресуда на Кривичниот суд не стане правосилна и ако бидат осудени за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.