Собранието изгласа повеќе закони и одлуки

Собранието на Република Македонија на денешната попладневна седница изгласа повеќе закони и одлуки.

Беа изгласани дополнувањата на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување.

Пратениците исто така гласаа и за точки од дневниот ред на 85. седница. Изласани се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2014 година, неколку одлуки, како и годишниоте финансиски планови за Македонска радио – телевизија за 2014 година.