Собранието изгласа распуштање на 7април – Избори на 5 јуни

Собранието на Република Македонија пред полноќ, во рамки на 95-тата седница, со 83 гласа „за“ и три „против“, ја донесе Одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Одлуката е предложена од пратениците од ДУИ и ДПА, а потпишана и од пратеничката Лилјана Поповска.

Со одлуката се предвидува менување на членот  2 од веќе донесената одлука Парламентот да се распушти на 24 февруари и се бара тој датум да биде 7 април оваа година.

Доколку се земе предвид дека Парламентот се распушта 60 дена пред одржување на изборите, предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 5 јуни.

На почетокот на седницата, претседателот на Парламентот Трајко Вељановски информира дека вечерва министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ лично ги повлекле условените оставки што денеска ги поднесоа до Владата.

На дневен ред на оваа седница, која, како што најави Вељаноски, е и Предлог законот за измена на Изборниот законик, по итна постапка, поднесен од пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, едногласно поддржан со 80 гласа „за“.