Собранието ја продолжува 12. собраниска седница

Третото продолжение на 12-тата седница ќе се одржи денеска во Собранието на Република Македонија, на чиј дневен ред се предлог законите за за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, и за изменување на Законот за јавните службеници, и на Кривичниот законик, трите по скратена постапка.

Во рамките на седницата пратениците треба да ги разгледаат и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2013 година, Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година и Годишниот извештај за реализација на програмата за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2013 година.